02 312 7949 info@institut.tbc.mk

За нас

 

ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза ц.о. Скопје е здравствена установа на секундарно ниво на здравствена заштита, која пружа услуги од областа на респираторните заболувања и истовремено претставува национална референтна институтција за туберкулоза во Рапублика Северна Македонија.

 

Институтот е формиран во 1956 година, на иницијатива на проф. д-р Глигор Муратаовски, преку обединување на превентивната и куративната антитуберкулозна дејност во НРМ. Денес Институтит располага со амбулантно-поликлинички дел, стационар, превентивна служба и административен дел.

Амбулантно-поликлиничкиот дел е сместен на приземјето од зградата и се состои од: три интернистички/пулмолошки амбуланти, шалтер, кабинет за функционална дијагностика, кабинет за ултрасонографија, кабинет за инвазивна дијагностика, рентген кабинет, ЕКГ кабинет, биохемиска лабораторија и микробиолошка лабораторија. Микробиолошката лабораторија функционјура како Национална референтна лаброаторија за туберкулоза во Република С. Македонија.

Стационарот се состои од четири оддели. Одделот на туберкулоза е сместен на првиот спрат и е комплетно одвоен од остатокот од Институтот. Располага со 24 постели. На вториот спрат се слемстени тир оддели за неспецифични белодробни заболувања, со вкупен капацитет од 31 постела: Оддел за интензивна нега, Оддел за акутни и хронични белодробни болести и Оддел за ХОББ и астма.

Административниот дел е сместен на приземјето во посебни простории и тесно соработува со останатите делови на болницата.